Џенифер Лопез направи пауза од многубројните обврски за да се релаксира заедно со своите близначиња Макс и Еми. 43-годишната актерка и пејачка се забавуваше во Мајами, разладувајќи се во базен.
Покажувајќи ги своите облини во жолт костим за капење, Џеј Ло уште еднаш им даде повод на своите обожаватели да ја опсипат со комплименти за убавиот изглед.
Џенифер е во Мајами поради настап во рамките на турнејата со Енрике Иглесијас.