Џенифер Лопез самоуверено ја покажува својата фигура за зимското издание на списанието „Cosmopolitan for Latinas“.
43-годишната ѕвезда позираше во краток блескав фустан на Џулиен МекДоналд.
Во интервјуто за списанието, Лопез раскажала дека на почетокот на кариерата била под притисок да ја промени својата фигура. Во текот на 90-тите години, кога слабата фигура започна да го освојува шоу-бизнисот, многумина ѝ укажувале на Џеј Ло дека нејзините облини не се поклопувале со она што било сметано за убаво и привлечно.
Сепак, самоуверената Лопез не дозволила критиките да допрат до неа. „Моето семејство навистина направи да го сакам она што сум и да го сакам својот изглед. Моето тело не беше нешто невообичаено во моето соседство. Кога се појавив на телевизија, луѓето, дури и мојот тогашен менаџер, ми велеа дека треба да направам многу промени. Но, мора да се исправиш и да кажеш: Нема ништо што не е во ред со мене или со мојата форма или со она што сум, ти си оној што има проблем! И кога навистина можеш да поверуваш во тоа, одненадеж и другите луѓе исто така ќе поверуваат“ – изјавила таа.
Лопез открила и дека во текот на годините најмногу била инспирирана од Рита Морено и нејзината улога во „West Side Story“. „Рита Морено стана херој за мене“ – рекла Џенифер.