Џенифер Лопез ја доби 2.500-тата по ред ѕвезда на холивудската Патека на славните. 43-годишната актерка, пејачка и танчарка не можеше да ги задржи солзите додека им се заблагодаруваше на блиските соработници, семејството и фановите за поддршката во текот на годините додека ја градеше успешната кариера.
Облечена во вечерна тоалета на Диор, Џеј Ло блескаше пред насобраните фанови и новинари.
Во публиката беа и нејзините близначиња Макс и Еми, нејзиниот партнер Каспер Смарт и нејзините родители.
„Сето ова изгледа, не знам, некако нереално, но и толку реално. Неверојатно е... Ве сакам, многу ви благодарам што дојдовте на ова патување со мене. Овој значаен момент ме инспирира да работам понапорно“ – изјави емотивната ѕвезда.
Погледнете го говорот на Џенифер: