Кит Харингтон и Роуз Лесли, познати по улогите на Џон Сноу и Игрит од „Game of Thrones“, за првпат зачекорија на црвениот тепих како пар.
Славните актери присуствуваа на манифестацијата Olivier Awards во Лондон.

Парот си разменуваше нежности и бакнежи и непрекинато делеше насмевки.
Лесли шармираше во кралска креација од брендот Malene Oddershede Bach.









„Game of Thrones“ ќе се врати на телевизиските екрани на 24 април. Сè уште останува мистерија судбината на Џон Сноу во популарната серија снимена според делата „A Song of Ice and Fire“.