Емилија Кларк неспорно е природна убавица. Прекрасната актерка од хит серијата „Game of Thrones“ објави фотографија на која позира во опуштено издание без грам шминка и веднаш доби бројни аплаузи за позитивната порака која им ја испраќа на претставничките на понежниот пол.
25-годишната ѕвезда ги следи стапките на повеќе славни личности кои споделуваат со своите фанови како изгледаат без шминка со цел да ги охрабрат да не се срамат од својот изглед.
Фотографии без шминка имаат објавено и Деми Ловато, Џеси Џеј, Лејди Гага и Ева Лонгорија.