Хероините од „Game of Thrones“ снимија фотосесија за новото издание на „Entertainment Weekly“. Моќните женски ликови ќе заземат централно место во новата сезона од популарната серија.
Емилија Кларк (Денерис Таргариен), Мејси Вилијамс (Арија), Софи Тарнер (Санса), Натали Дормер (Марџери), Лена Хеди (Серсеј) и Гвендолин Кристи (Бриен) ги облекоа своите костими од возбудливата серија која го обиколи светот и позираа за фотографот Марк Хом.
Првата епизода од шестата сезона ќе биде емитувана на 24 април.