Кајли Миног е лицето од насловната страница на јануарското издание на списанието „Elle UK“. Но, наместо позитивни зборови, веднаш по објавувањето на корицата започнаа дискусии за изгледот на популарната пејачка.
Многумина забележаа дека левата нога на Кајли има неприроден изглед и дека изгледа „нецелосно“. Додека останува можноста стапалото на Кајли да е сокриено зад нејзиниот задник, речиси е сигурно дека со Фотошоп е „скратена“ барем штиклата на левата нога.
Поради дигиталната обработка, 44-годишната ѕвезда е речиси непрепознатлива и на некои од фотографиите наликува повеќе на Гвен Стефани отколку на себе.
За насловната страница Миног позира во краток фустан од Кристофер Кејн.