Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шармантната Моника Белучи на ревијата на Долче и Габана во Милано

ФОТО: Шармантната Моника Белучи на ревијата на Долче и Габана во Милано

Моника Белучи од првиот ред ја набљудуваше ревијата на своите најомилени дизајнери – Доменико Долче и Стефано Габана.

49-годишната актерка на модниот настан во Милано носеше црна креација од Долче и Габана. Шармантната Италијанка долги години соработува со познатите креатори и најчесто за свечените настани избира креации со нивен потпис.

Моника Белучи Моника Белучи

Белучи, која наскоро ќе влезе во шестата деценија од животот, сè уште плени со својата природна убавина. Неодамна таа изјави дека брчките на лицето воопшто не ѝ сметаат. „Подобро брчки отколку пластично лице“ – изјави таа за „Vanity Fair“ Италија.

Моника Белучи Моника и ФранкаМоника со главната уредничка на „Вог“ Италија Моника и Франка Моника Белучи

На модното шоу покрај Моника, присуствуваа и многу други славни лица како Ева Херцигова, Дејвид Ганди, Бјанка Балти и уредничката на италијанскиот „Вог“, Франка Соцани.

Дејвид ГандиДејвид Ганди Ева ХерциговаЕва Херцигова Бјанка БалтиБјанка Балти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.