Шакира очигледно сака што поскоро да го продаде својот луксузен дом во Мајами. Музичката ѕвезда ја намали речиси за 2 милиони долари цената за куќата која ја купи во 2001 година.
Минималистички уредениот дом вклучува 6 спални соби и 8 бањи, како и просторија за вежбање и базен, а цената за него изнесува 12,9 милиони долари.
По раѓањето на малиот Милан, Шакира и нејзиниот партнер Пике најголемиот дел од времето го минуваат во Мадрид, но таа редовно патува и во Лос Анџелес за снимањето на шоуто „The Voice“.