Во соработка со Дизни, Шакира стана дел од анимираниот филм „Zootopia“ и присуствуваше на премиерата која вчера се одржа во Лос Анџелес.
39-годишната пејачка го позајми својот глас за ликот Газела, која е поп-ѕвезда во новиот филм.
За холивудскиот настан Шакира избра колоритен стајлинг. Популарната Колумбијка зачекори на црвениот тепих во краток цветен фустан од колекцијата „After 5“ на индискиот дизајнер Мек Дугал.













Претходно, „Zootopia“ имаше премиера во Барселона. Во шпанската метропола, сопругата на Жерар Пике се појави во црно-бела младешка креација.




Слушнете ја и новата песна на Шакира, „Try Everything“, која ќе биде дел од филмот.