Чејс Крафорд им ги заигра срцата на своите обожаватели со фотосесија за сајтот „Mr Porter“. Американскиот актер, познат по улогата на Нејт Арчибалд во серијата „Gossip Girl“, позираше во модни креации на дизајнерски куќи како Долче и Габана, Валентино и Ланвин.
Во интервјуто за списанието, Чејс признал дека збогувањето со екипата на „Gossip Girl“ не било лесно. „Тоа беше нереално искуство. Исто како да заминуваш од колеџ, само без диплома“ – рекол тој.
Сега кога „Gossip Girl“ е веќе зад него, 27-годишниот синоок актер вели дека не сака пауза, туку дека копнее да продолжи да работи. „Само сакам да работам. Сакам да направам нешто шокантно. Знам дека сум способен за тоа. Само треба да наиде правилното нешто“ – вели тој.