Откако ја заврши канадската турнеја, младото кралско семејство ја започна својата прва официјална посета на САД. Во рамките на американската турнеја, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт беа почесни гости на вечерата организирана од Британската академија на филмски и телевизиски уметности.
Во саботата вечерта, 29-годишната Кетрин, војвотката од Кембриџ, донесе гламур и престиж на црвениот тепих во Лос Анџелес. Облечена во долга светловиолетова тоалета на Александар МекКвин со блескав колан и Џими Чу сандали, Кејт уште еднаш покажа дека едноставноста и елеганцијата секогаш се добитна комбинација.
Принцот Вилијам за свечениот настан носеше класичен елегантен црн смокинг.
На настанот, на кој беа претставени 42 млади таленти од Велика Британија, присуствуваа и повеќе славни ѕвезди на Холивуд, меѓу кои и Џенифер Лопез, Никол Кидман, Џенифер Гарнер, Том Хенкс, Блејк Лајвли, Пирс Морган, Елизабет Бенкс, Квентин Тарантино, Ана Курнкова, Кет Дили и Елизабет Мос.
За разлика од холивудските ѕвезди кои позираа и даваа интервјуа на црвениот тепих, Кејт и принцот Вилијам ја поздравија насобраната публика пред театарот Belasco, а потоа веднаш се упатија внатре.
Многумина го оценија фустанот на Џеј Ло како несоодветен за елегантната свеченост и како израз на нејзината желба да биде во центарот на вниманието. Што мислите вие?