Хелен Мирен не можеше да ја сокрие својата среќа додека му ја врачуваше на Морган Фримен наградата за достигнувања во кариерата на 16-тото по ред доделување на Наградите за филмови за возрасни во Беверли Хилс.
71-годишната актерка во црн фустан со цветни детали му ја предаде значајната статуетка на 79-годишнот актер и го бакна во устата.




Наградите секоја година се доделуваат од страна на списанието наменето за лица над 50 години „AARP“ и завршуваат во рацете на личности од филмската индустрија кои имаат над 50 години и на филмови кои им се допаднале на публиката на позрела возраст.
Хелен Мирен и Морган Фримен имаат соработувано во 2010 година за филмот „Red“.