Хелен Мирен освојуваше со грациозноста на црвениот тепих на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.
Филмската ветеранка, која за неколку месеци ќе влезе во осмата деценија од својот живот, ги мамеше фотоапаратите на новинарите со впечатлива зелена креација од Долче и Габана.
Славната актерка и Рајан Рејнолдс присуствуваа на Берлиналето по повод премиерата на нивниот заеднички филм „Woman in Gold“.
На црвениот тепих Мирен имаше мала незгода поради долгиот фустан. Во еден момент, таа се сопна и падна, но веднаш се исправи со насмевка на лицето.
Хелен деновиве привлекува внимание и поради новата рекламна кампања „Age Perfect“ на L'Oreal Paris.
Кога станува збор за убавината, одговорот на Хелен е следниот: „Има физички убави луѓе на светот (Дејвид Бекам на пример е неверојатно убав), а има и луѓе кои не се убави, но се многу привлечни поради нивниот карактер, енергијата, брилијантноста, генијалноста. Па, имам одбивност кон зборот убавина. Посакувам да пронајдеме друг збор кој ќе нè оттргне од физичката убавина и ќе нè внесе повеќе во светот на вистинската привлечност.“