Кајли Џенер ги поведе своите пријатели, момчето и сестра си на луксузно патување на островите Туркс и Кајкос за својот 19. роденден.
Ѕвездата од „Keeping Up With The Kardashians“ не штедеше средства за да им приреди на најблиските незаборавна авантура. Бела Хадид, Хејли Болдвин и Џордин Вудс беа меѓу гостинките на Кајли.
Имотот „The Pearls od Long Bay Estate“ изнајмен од познатите сестри се протега на површина од 3.250 m2, а се состои од три луксузни вили со 23 спални соби и чини вртоглави 50 милиони долари.
Вилата „Lidija House“ 10 спални соби и 8 бањи ѝ припадна на Кендал. Кајли пак со својот сакан престојува во вилата „Pearl East“.