Ријана деновиве го снимаше спотот за нејзината најнова песна „We Found Love“ во Северна Ирска. Облечена во провокативни бикини, фармерки и карирана кошула, Ријана убедливо ја заведуваше камерата, но во еден момент провокативноста ги надмина границите за фармерот на чиј имот беше снимано видеото.
61-годишниот Ален Греам го прекинал снимањето откако забележал дека 23-годишната пејачка е соблечена топлес. „Сметав дека е непристојно. Побарав да прекинат, па така и направија... Разговарав со Ријана и се надевам дека ме разбира“ – изјавил фармерот.
„Девојката беше многу љубезна, се ракуваше со Ален неколку пати“ – објаснила сопругата на Ален.
По ваквиот инцидент, Ријана го продолжи снимањето на спотот на улиците на Белфаст.