Љубовта е како дрога за Ријана во нејзиниот долгоочекуван спот за „We Found Love“. Видеото е изградено околу идејата дека љубовта може да биде убаво нешто, но исто така може и да нанесува болка и да биде опасна.
На почетокот може да се слушне женски глас кој изговара: „It's like you're screaming but no one can hear. You almost feel ashamed that someone could that be that important, that without them you feel like nothing. No one will ever understand how much it hurts. You feel hopeless like nothing can save you. And when it's over and it's gone, you almost wish that you could have all that bad stuff back so you could have the good“.
Видеото зборува за љубовта и зависноста. Ријана е во возбудлива, но деструктивна врска со маж, кој го глуми боксерот Дадли О’Шонеси. Случајно или не, Дадли многу потсетува на поранешното момче на Ријана, Крис Браун, особено во сцените кога се расправаат во автомобил. Сите кои добро се запознаени со животот на Ријана, веднаш ќе ја поврзат оваа сцена со насилниот инцидент кога Крис физички ја нападна Ријана.
„Никогаш досега не сме направиле вакво видео. Ова најверојатно е едно од најдлабоките видеа што ги имам направено. Се работи за љубовта и за тоа дека љубовта е како дрога“ – изјавила Ријана.
Спотот режиран од Мелина Мацукас вклучува луди бунтовнички забави, секс сцени, употреба на наркотици и болни расправии.
„We Found Love“ е дел од претстојниот нов албум на Ријана, „Talk That Talk“, кој треба да биде објавен на 21 ноември.