Синоќа, во Националната опера и балет се одржа изборот за Мис Универзум на Македонија.
На изборот за убавина, кој за првпат се одржува кај нас, учествуваа 19 девојки, а главната титула ја освои Теа Ѓоргиевска.
Убавата кумановка се истакна меѓу сите натпреварувачки и оваа година ќе нè претставува на изборот за Мис Универзум.
Теа блескаше во гламурозна сина креација.
Македонија за првпат ќе има претставничка на Мис Универзум. Светскиот избор годинава ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити.