Тони Гарн беше избрана за едиторијал за специјалното издание на „Allure“ Русија, посветено на најдобрите козметички производи.
21-годишната Германка беше фотографирана одблиску од Паола Кудаки, при што фокусот беше поставен на шминката, но на некои од фотографиите Гарн позираше разголена.
Гарн неколку месеци добива поголемо внимание од медиумите поради врската со Леонардо Дикаприо. Познатата манекенка и 38-годишниот актер во текот на летото беа фотографирани на повеќе туристички локации низ Европа.
Неодамна двајцата се појавија на свечен настан организиран од Џорџо Армани, но го избегнаа заедничкото позирање.