Стинг и Труди Стајлер се вбројуваат во тесниот круг на славни парови кои со децении ја негуваат својата љубов без скандали.
Славниот музичар и неговата сопруга беа фотографирани на идиличниот остров Сент Бартс, а фотографиите говорат дека тие сè уште се заљубени и среќни заедно.
64-годишниот пејач и 62-годишната ентузијастка за јога си разменуваа бакнежи и нежности за време на релаксирачкиот одмор.
Стинг и Труди започнаа да живеат заедно во 1982 година, а десет години подоцна стапија во брак. Тие имаат четири заеднички деца.