Основачот на Facebook, Марк Цукерберг, не е од милијардерите кои сакаат да живеат во ултра луксуз и не го покажува своето богатство преку присвојување на скапи предмети. Уште еден доказ кој на некој начин ја потврдува таа негова репутација е свршеничкиот прстен што тој ѝ го подарил на својата сакана, Присила Чен.

Интернет порталот TMZ дојде до првите фотографии од прстенот за кој се верува дека е дизајниран од самиот Марк. Прстенот е едноставен со мал рубин. Според информациите кои се пласираа во странските медиуми, Марк ѝ го подарил прстенот на Присила на свадбениот ден и таа го немала видено претходно.


Марк и Присила стапија во брак на 20 мај во дворот на домот во кој живеат заедно. Никој не знаел за свадбената церемонија и гостите биле пријатно изненадени кога сфатиле дека всушност присуствуваат на свадба.
Присила носеше елегантен и едноставен фустан од дизајнерката Клер Петибоун, која од медиумите научила дека Присила избрала нејзина венчаница. Фустанот чинел 4.700 долари и Присила го купила во октомври минатата година, без да спомене кој е нејзиниот избраник.

„Таа беше многу фина клиентка. Не знаевме дека ќе се мажи со еден од најбогатите мажи на светот“ – изјавиле од бутикот од каде што среќната невеста го купила невестинскиот фустан.

Присила и Марк се запознале додека студирале на Харвард, а се во врска 9 години.