Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се смирија. Славниот пар нема да се разведува, како што беше објавено во август оваа година.
76-годишниот актер и 54-годишниот поранешен модел беа фотографирани од папараците додека чекореа во Менхетн насмеани и фатени под рака.
Сталоне и Флавин успеаа да ги решат несогласувањата и да му дадат уште една шанса на нивниот брак кој трае 25 години.
Сталоне и Флавин стапија во брак во 1997 година. Тие имаат три ќерки: 25-годишната Софија, 24-годишната Систин и 20-годишната Скарлет.
Пред две недели, Сталоне објави фотографија на која со Џенифер се држат за раце, со што даде знак дека повторно се заедно.