Сиара наскоро ќе го прошири семејството. Следејќи ја американската традиција, славната пејачка организираше забава по повод претстојното раѓање на второто дете.
Сите присутни носеа бела облека, вклучително и нејзиниот сопруг Расел Вилсон и нејзиниот син Фјучр.





Меѓу гостинките беа Серена Вилијамс и Ла Ла Антони.


Минатиот месец, 31-годишната ѕвезда сними фотосесија со малиот Фјучр.




Сиара и Расел се во врска од април 2015 година, а во јули минатата година стапија во брак. Тие привлекоа големо внимание кога споделија дека поради религиозни причини, нема да имаат сексуални односи пред стапувањето во брак.
