Шерон Стоун е моќна и сексапилна хероина во новото издание на „L'Officiel“ Австралија. Холивудската дама, која вели дека се чувствува почестена што има можност да старее, плени со бестрашен поглед и самоуверени пози.
За новиот едиторијал, Стоун застана пред објективот на Џек Вотерлот во креации од модни куќи како Диор и Кристијано Сиријано.
56-годишната актерка се прослави со еротскиот трилер „Basic Instinct“ и до ден-денес не бега од попровокативните улоги. „Можам да глумам провокативен лик, но тоа не ме прави провокативна“ – вели Шерон Стоун во интервјуто со главниот уредник на луксузното модно списание, Метју Пароз.
Шерон најави дека во 2015 година ќе се врати пред љубопитните погледи на јавноста, па има уште многу што да се очекува од неа.