Обетките кои Селма Хајек ги носеше на црвениот тепих на гала вечерта LACMA 2012 можеби не изгледаат впечатливо и специјално, но затоа пак имаат многу посебна вртоглаво висока цена – еден милион долари.
Во центарот на малите висечки обетки се сместени сафири опкружени со мали дијаманти. Скапите обетки се дело на Хари Винстон.
Но, тоа не беше единствениот накит кој ја надополнуваше прекрасната елегантна тоалета на Хајек. 46-годишната актерка носеше и белегзија од Хари Винстон, чија цена остана тајна.
На свечената манифестација Хајек присуствуваше со својот сопруг, милијардерот Франсоа Анри Пино.