Селена Гомез сними фотосесија за јунското издание на списанието „Marie Claire“.
23-годишната пејачка, која на 8 мај ја започна својата турнеја „Revival“, заводливо позираше пред фотоапаратот на модниот фотограф Каи Зи Фенг. На насловната страница, Гомез носи фустан од есенската колекција на Кристофер Кејн.


Во интервјуто за списанието, младата музичка ѕвезда зборувала за љубовниот живот. „Се состанувам и го живеам најубавиот период од мојот живот. Но, не верувам никому, па состанувањето може да биде забавно само ако знам дека можам да се забавувам“ – вели Селена, која во минатото имаше 4-годишна врска со Џастин Бибер.



Еве и неколку фотографии од концертот на Гомез во Лас Вегас:


