Еден ден по тајната свадбена церемонија, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс беа фотографирани додека страсно се бакнуваат. Среќата може да се прочита на лицето на привлечната невеста, која без да знае им го покажа на папараците убавиот свршенички прстен.
Прстенот е направен од голем овален скапоцен камен.
25-годишната актерка стапи во брак во 35-годишниот актер на 9 септември. Блејк и Рајан се заедно околу една година. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Green Lantern“.
Во интервју за списанието „Allure“, направено пред свадбата, Блејк признала дека се чувствува пресреќно. „Никогаш не сум била посреќна... Отсекогаш сум сакала големо семејство... Ох, би сакала 30 деца ако можам“ – изјави таа.