За време на финалето на „American Idol“, на големата сцена настапија Ријана и Џенифер Лопез. Двете музички ѕвезди успеаја да ја кренат публиката на нозе со енергични настапи.
Ријана
Ријана воодушеви со спектакуларна изведба на нејзиниот хит „Where Have You Been“. 24-годишната пејачка ја истакна својата привлечна фигура во црн градник и здолниште кое целосно ги отскриваше нејзините нозе.
Бројната публика очевидно задоволна од динамичниот настап, со врискање и аплаузи ја испрати Рири од сцената.
Џенифер Лопез
Сцената на „American Idol“ не е непознато место за Џенифер Лопез. Како член на жирито таа неколку пати има настапувано пред своите обожаватели.
На финалната вечер, кога беа откриени резултатите од гласањето, Џеј Ло уште еднаш затанцува на сцената исполнувајќи две свои песни, „Goin' In“ и „Follow The Leader“. За втората песна на сцената на 42-годишната пејачка ѝ се придружија Висин и Јандел.
Филип Филипс беше прогласен за победник на единаесеттата сезона на популарното музичко шоу.