Секое излегување во јавност на Ријана и Ејсап Роки е будно следено и фотографирано од неуморните папараци.
Вчера, славниот пар беше уловен додека ручаше во ресторан во Њујорк со двете мали синчиња. 36-годишната пејачка носеше сина маица на која пишуваше „Се пензионирав“. Својот изглед, таа го надополни со долго здолниште, црвени патики и зелена чанта.
Фановите долго време чекаат Ријана да сними нова песна. Неодамна таа изјави дека нејзината нова музика ќе биде „неверојатна“ кога ќе излезе.
„Мора да биде неверојатна и тоа е единствената причина поради која не е излезена. Треба да има знак на растење... Сакам да си играм со неа и да се забавувам и вистински да покажам каде сум сега“ – рекла таа.
Последниот албум на Ријана, насловен „ANTi“ излезе во 2016 година.