Ријана е ѕвездата од априлското издание на „Вог“. 28-годишната пејачка во блескави креации позираше за модната библија.
Познатото дуо Мерт и Маркус ја фотографираше атрактивната музичарка од Барбадос. Том Форд, Сен Лоран, Живанши и Ралф Лорен се модните куќи чии креации носи Ријана за едиторијалот.


Во интервју за списанието, Ријана призна дека ќе ѝ биде тешко да се посвети на нова љубовна врска поради многуте ангажмани. „Мојот распоред е пренатрупан сега. Дефинитивно ќе биде предизвик кога ќе одлучам да започнам нова врска, но јас имам надеж“ – изјавила таа.



