Ријана изгледа беспрекорно на фотографиите за септемвриското издание на списанието Glamour. Пејачката со огнена коса блеска во редица креации од дизајнери како Марк Џејкобс и Долче и Габана додека со широка насмевка позира за Елен фон Анверт.
Освен фотосесија, Ријана направи и интервју во кое зборуваше за својот стил, пријателството со Кети Пери и нејзината желба да биде доминирана во спалната.
За драмата во животот: „Мразам драма, но во исто време ништо не ми смета повеќе од тоа кога животот е совршен. Тоа е откачениот дел. Сакам предизвик, без разлика дали е во мојата врска, кариерата или облеката.“’
За стилот: „Кога се облекувам, сакам да ги изберам најбизарните шорцеви за да се обидам да направам да изгледаат како што треба, или да создадам аутфит што ќе предизвика луѓето да се мислат: Што по ѓаволите носи таа?“
За пријателството со Кети Пери: „Да бидам потполно искрена, сите мои пријатели се мажи. Но, кога ја запознав, тоа беше како бран свеж воздух. Не можев да поверувам дека таа девојка нема Edit–копче.“
За преференциите во спалната: „Имам многу доминантна улога во мојот живот, во секој аспект. А сепак, во одреден момент, сакам да се чувствувам како дама. Чувствувам дека тоа е времето кога мажот треба да биде маж, а јас да бидам жена. Ако сум маж и во спалната, тогаш таму нема ништо интересно за мене.“