Како една од стоте највлијателни личности за 2017 година избрани од списанието Time, Рајан Рејнолдс присуствуваше на галата Time 100 во Њујорк. 40-годишниот актер ја доби поддршката од двете најважни дами во неговиот живот – сопругата Блејк Лајвли и мајка му Тами.
На црвениот тепих во Њујорк, ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ шармираше во фустан со длабоко деколте од Marchesa, додека мајката на Рејнолдс носеше минималистички црн фустан.
















