Кралската свадба го привлече вниманието на цел свет. Милиони луѓе го следеа моментот кога принцот Вилијам и неговата избраничка Кејт Мидлтон се заколнаа на вечна љубов и продолжуваат да ја следат свечената церемонија.
Облечена во раскошен фустан на Александар МекКвин, 29-годишната невеста блескаше пред својот принц додека тој ѝ го ставаше венчалниот прстен на раката.
Церемонијата продолжува. Вестминистерската Опатија е исполнета со 1900 политичари, пејачи, бизнисмени и се разбира, присутни се сите членови на кралското семејство.
Лондон е пред очите на светската јавност, а еуфоријата предизвикана од “венчавката на векот“ не стивнува. Илјадници луѓе ноќта ја поминаа на тротоарите во Лондон за да можат барем за секунда да погледнат низ стаклата на автомобилите кои ги носеа главните гости до свадбата.