Принцот Вилијам и војвотката Кетрин уживаат во семејните моменти со своите две деца. Среќните родители се забавуваа со малата принцеза Шарлот и принцот Џорџ на својот прв одмор како четиричлено семејство.
Фотографиите на кои кралското семејство си игра во снегот беа објавени на Twitter профилот на Кенсингтонската палата.
Фотографот Џон Стилвел бил поканет да ги овековечи нивните забавни моменти.


„Ова беше првиот нивен одмор како четиричлено семејство и првпат нивните деца да си играат во снегот. Тоа беше навистина специјален и забавен краток одмор за семејството и тие се благодарни што Џон Стилвел ги долови моментите толку добро“ – изјавил претставник од Кенсингтонската палата.



