Адријана Лима беше гостинка на добротворен настан во Њујорк.
Како и секогаш, 35-годишниот ангел на Victoria’s Secret привлече големо внимание. Убавата Бразилка носеше модели од колекцијата пролет/лето 2017 на италијанската дизајнерка Алберта Ферети.










Настанот беше организиран од дизајнерот Кенет Кол со цел да се соберат средства за фондацијата „St. Luke“, која им помага на сиромашни лица на Хаити.




Претходно, стилистката на Лима сподели фотографија од својата клиентка на Instagram.
