Претставничката на Ангола, Лејла Лопез, синоќа ја понесе титулата Мис Универзум.

Лејла круната ја доби од минатогодишната победничка, Мексиканката Химена Наварете, и вети дека ќе продолжи да се залага во борбата против сиромаштијата и ужасните болести како ХИВ.

Украинката Олесија Стефанко го доби второто место, а третопласирана е Присила Мачадо од Бразил.

Шармантната Лејла верува дека ја освоила наклоноста на жирито со својата насмевка, бидејќи секогаш пријателите ѝ кажувале дека има насмевка која мотивира.

