Мис САД ја доби титулата „Мис Универзум 2012“. Оливија Кулпо ја прими круната на свечена манифестација која се одржа во Лас Вегас.
20-годишната студентка, која беше и фаворит за освојување на престижната титула, ја однесе круната во САД за првпат по 15 години.
„Каква чест! Ноќва е остварување на моите соништа. Благодарам на сите за поддршката вечерва! САД конечно успеа“ – напиша таа на Twitter.
Оливија победи 88 убавици од шест континенти. Џанин Тугонон од Филипини беше прогласена за прва придружничка, додека Мис Венецуела стана втора придружничка.
Минатата година победи претставничката на Ангола, Лејла Лопез.