Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Победниците на Brit Awards 2011

ФОТО: Победниците на Brit Awards 2011

Вчера Лондон собра на едно место голем број британски и интернационални ѕвезди од музичката индустрија.

Манифестацијата за доделување на британските музички награди беше повод на една сцена да се појават Take That, JLS, Шерил Кол, Arcade Fire, Ријана, Си Ло Грин и Џастин Бибер.

Шерил Кол Ријана

По освојувањето на Греми, бендот Arcade Fire продолжи да собира награди. Овој пат ги доби наградите за Најдобра интернационална група и Најдобар интернационален албум.

Arcade FireArcade Fire

Ријана, која блесна и на црвениот тепих и на сцената, ја доби наградата за Најдобра интернационална пејачка, а за Најдобар интернационален пејач беше прогласен Си Ло Грин.

Џастин и Аврил ЛавињЏастин Бибер ја прими наградата за Најдобар интернационален дебитант од Аврил Лавињ Ријана и Шерил КолРијана ја доби наградата за Најдобра интернационална пејачка од Шерил Кол

Популарниот бенд Take That успеа да ја присвои наградата за Најдобра британска група, а 27-годишниот рапер План Б беше прогласен за Најдобар британски пејач.

Take ThatTake That

Листа на победниците:

  • Најдобар британски пејач – План Б;
  • Најдобра британска пејачка – Лора Марлинг;
  • Најдобар британски дебитант – Тини Темпа;
  • Најдобар британски албум - „Sigh No More“ од Mumford & Sons;
  • Најдобра британска група – Take That;
  • Најдобар британски сингл – „Pass Out“ од Тини Темпа;
  • Најдобар интернационален пејач – Си Ло Грин;
  • Најдобра интернационална пејачка – Ријана;
  • Најдобар интернационален дебитант – Џастин Бибер;
  • Најдобра интернационална група – Arcade Fire;
  • Најдобар интернационален албум - „The Suburbs“ од Arcade Fire.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.