„Погодете која е новата COVERGIRL!“ – напиша Пинк на својот Twitter профил и ја објави првата фотографија од новата соработка со познатиот козметички бренд.
Со розов кармин, портокалови нокти и сина сенка на очите, Пинк изгледа бестрашно, забавно и откачено, па може да се каже дека целиот мејкап концепт целосно се совпаѓа со нејзиниот карактер.
![Пинк](/images/articles/3812/01.jpg)
Пинк стана дел од големото семејство славни дами кои го промовираат овој бренд, како Тејлор Свифт, Софија Вергара, Елен Деџенерис, Дру Баримор и Квин Латифа.
Неодамна Пинк ги објави првите две песни од својот најнов албум „The Truth About Love“.