Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Пинк гола во кампања на PETA против носењето природно крзно

ФОТО: Пинк гола во кампања на PETA против носењето природно крзно

Пинк недвосмислено порачува дека попрво би шетала гола отколку да носи природно крзно.

Популарната пејачка се разголи за кампања на PETA (People for the Ethical Treatment of Animals), организација за заштита на правата на животните.

Преку разголената фотографија, 35-годишната музичка ѕвезда порачува: „Чувствувајте се комфорно во вашата кожа и дозволете им на животните да ја зачуваат својата“.

Пинк

„Животните се најчистите души на светот. Тие не ги лажираат своите емоции и се најлојалните суштества на Земјата. Би сакала да можев да речам дека никогаш не сум носела крзно за да бидам горда со себе. За жал, минував низ себична фаза во животот и носев крзно во неколку прилики. Но, се опаметив и сега целосно го бојкотирам крзното. Посакувам секој да беше принуден да дознае за хорорите низ коишто поминуваат тие животни за модни трендови. Се надевам дека оние што носат крзно ќе бидат каснати на задникот од животно какво што носат на својот грб“ – вели Пинк по повод почетокот на кампањата.

Фотографијата е дело на Рувен Афанадор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.