Пенелопе Круз вчера ја доби 2436-тата ѕвезда на холивудската Патека на славните. На церемонијата, 36-годишната актерка беше придружена од нејзиниот сопруг Хавиер Баредем и од Џони Деп.
Џони Деп одржа говор за да го потенцира талентот, убавината и оригиналноста на прекрасната Круз, а потоа таа му возврати со комплиментите:
„Да ви кажам нешто за човекот со капата (Џони Деп). За прв пат дојдов во Лос Анџелес во 1994 година и не зборував англиски. Знаев да кажам само две нешта, две реченици. Едната беше „Како си?“, а другата „Сакам да работам со Џони Деп“. Во изминативе 10 години работев со него два пати и тоа ми го подобри англискиот, па сега знам како да кажам – Сакам да работам со Џони Деп повторно“ – изјави Пенелопе со нејзиниот егзотичен акцент.
„Секогаш кога ќе погледнам во ѕвездата, ќе ги гледам имињата на сите луѓе кои ми помогнаа многу од моите соништа да станат реалност“ – дополни таа и објасни дека тоа е специјален ден за неа.
Првиот голем филм на Пенелопе Круз беше „Jamon Jamon“, во кој глумеше со нејзиниот сегашен сопруг Хавиер Бардем. Таа во 2009 година доби и Оскар за најдобра споредна женска улога во филмот „Vicky Cristina Barcelona“.
Пенелопе и Бардем стапија во брак во јули 2010, а во јануари оваа година го добија својот прв син.
Еве и видео од говорот на Џони Деп и Пенелопе Круз: