Парис Хилтон скршеното срце го лечи со бакнежите на Тод Филипс, режисерот на хит филмовите „The Hangover“. На 30-годишната старлета не ѝ беше потребен ниту цел месец пред да ја остави зад себе 18-месечната врска со Сај Вајтс и да побара негова замена.
Познатиот портал TMZ објави фотографија на која се гледа како Парис и Тод без воздржување разменуваат страсни бакнежи во хотелот Рузвелт во Холивуд.
Иако гласините дека Парис и Тод се во врска неколку дена се вртат низ медиумите, сега има доказ што никој не може да го демантира.
Според најновите информации, ова не било само авантура за една ноќ, бидејќи наредниот ден (во петокот) Тод присуствувал на приватна забава организирана од Парис.