Парис Хилтон е навикната да биде разгалувана, а нејзиното момче Сај Вајтс нема намера да го промени тоа.
За да ја изненади богатата старлета, тој за роденден ѝ подари луксузен спортски автомобил Lexus. Модерниот автомобил вчера бил однесен пред куќата на Парис, а таа била пресреќна кога го здогледала и со прегратка му се заблагодарила на Сај.
Скапиот подарок е по повод 30-тиот роденден на Парис.
Пред два дена Парис доби уште еден скап подарок од Сај. Таа на Twitter се пофали дека за Св. Валентин добила ланче со рубини и дијаманти.
„Само што се вратив од романтична вечера за Св. Валентин со мојата љубов. Тој ми го подари најубавото ланче со рубини и дијаманти. Го обожавам“ – напишала таа.
Во пресрет на нејзиниот 30-ти роденден, Парис изјавила дека се чувствува посреќна од било кога досега.
Таа споделила дека поминува многу време заедно со Сај и дека нејзиното „ново“ помускулесто тело се должи на тоа што постојано вежбаат заедно.
„Или сме во фитнес сала или играме тенис и секогаш се смееме, па времето едноставно лета. И сега сфатив колку е важно да се грижам за моето тело.“
„За прв пат во мојот живот се чувствувам фит. Имам многу мускулна маса по целото тело. Целосно ги отфрлив газираните пијалоци и брзата храна. Скоро сè што јадам е органска храна“ – изјавила таа.