Работите во животот на Парис Хилтон брзо се менуваат. Само пред една недела таа возбудено тврдеше дека е навистина среќна во врската со Сај Вајтс. „Ние навистина сме среќни“ – изјави неодамна популарната русокоса.
Но, синоќа, во шоуто Lopez Tonight, 30-годишната старлета јавно потврди дека повторно е сингл. „Не сме повеќе заедно. Го сакам и ние ќе останеме навистина добри пријатели... Чувствувам дека врската стигна до својот крај и ќе видиме што ќе се случи“ – рекла таа.
Неколку дена се шпекулираше за разделбата на Парис и Сај, пред нејзиниот претставник да ги потврди гласините. „Можам да потврдам дека Парис Хилтон и Сај Вајтс ја прекинаа својата врска. Тоа беше заедничка одлука“ – изјавил Дон Милер за People.
Парис и Сај излегуваат од почетокот на 2010г., но во последно време нивната врска го изгуби интензитетот. Некои од нивните расправии се одиграа и пред очите на јавноста во новото реално шоу „The World According To Paris“.
Оние кои од поблиску ја следеа врската на Парис веруваа дека можеби Сај е човекот со кого таа ќе застане пред олтарот, но шансите тоа да се случи сега се минимални.