Се сеќавате на 16-годишната пејачка која се омажи за 51-годишниот актер Даг Хачинсон? Амбициозната Кортни Стоден сега има 17 години, а нејзината желба за слава и внимание како постојано да расте.
Нејзиниот провокативен и на моменти вулгарен начин на облекување ги привлекува папараците гладни за интересна приказна, а исценираните позирања пред објективите сè повеќе служат за забава на интернет.
Изминатиов викенд младата невеста излезе да џогира со своето куче качена на високи проѕирни стриптизерски потпетици.
Облечена во прекратки панталончиња, Кортни трчаше заедно со своето розово куче, додека маж што веројатно треба да е нејзин телохранител се обидуваше да го следи секој нејзин чекор.
Но, по краток напорен „тренинг“, Кортни не издржа, па ги соблече превисоките потпетици и продолжи да трча боса.
Во последниве неколку месеци Кортни и нејзиниот сопруг ја користат секоја можна прилика да ја покажат својата љубов во јавност и провокативно да позираат пред папараците кои „случајно“ се појавуваат на истите места како и тие.
Минатата година тие беа избркани од пазар за тикви затоа што беа премногу вулгарни со своето однесување на место кое го посетуваат мали деца пред Ноќта на вештерките.
Пред Божиќ со празнична „случајна“ фотосесија уште еднаш се најдоа во медиумите кога Даг позираше како Дедо Мраз, а Кортни како негова Баба Мразица.
Дури и најобичното купување на кафе и шопингот се повод Кортни да ги прошета своите „секси“ комбинации и да ги покаже своите атрибути.
И покрај ваквите покажувања и постојаното изложување на телото пред очите на јавноста, нејзината мајка тврди дека Кортни е вистинска Христијанка и дека кога стапила во брак со Даг била девица.