Кортни Стоден редовно се појавува облечена во премногу провокативна облека и високи стриптизерски обувки за да добие медиумско внимание. Но, новото видео на 17-годишната русокоса, која е во брак со 51-годишниот актер Даг Хачинсон, е нејзиниот најочаен потег за привлекување на внимание досега.
Во видеото со наслов „Hello Courtney“, таа го имитира ликот Hello Kitty и мјаука, преде, искашлува крзнена топка, лази по подот, јаде мачешка храна, па дури и копа во мачешка кутија со тоалетен песок. Се разбира, повторно не изостануваат високите стриптизерски потпетици.
Видеото не е ни слатко, ни смешно, а најмалку секси, па многумина се згрозени од очајноста на Кортни и нејзините обиди да добие слава.