Изгледот на популарната актерка Мерилин Монро постојано е инспирација за стотици фотосесии, особено нејзиниот „инцидент“ со белиот фустан во филмот „The Seven Year Itch“. И секогаш, идејата на фотографите била резултатот да е со стил и да делува пристојно.
Но, фотосесијата на Кортни Стоден инспирирана од Мерилин Монро е далеку од пристојна. 17-годишната сопруга на 51-годишниот актер Даг Хачинсон позираше провокативно во бел фустан, обидувајќи се да ја долови популарната филмска сцена на Мерилин.
За разлика од Мерилин, Кортни не се ни обидуваше да си ја покрие долната облека.
„Ја обожавам Мерилин Монро. Моите стапала и раце совршено си одговараа“ – изјавила Кортни за RadarOnline, додека минатата година позирала до отпечатоците на Мерилин во Холивуд. „Мерилин ми е идол“ – дополнила таа.
Кортни често нарачува папараци за да ја „фаќаат“ во интересни пози со цел да добие место во медиумите. За празникот на вљубените, заедно со нејзиниот сопруг Даг позираше во провокативни пози. Еве дел од фотографиите на кои се смее цел свет: