На Кортни Стоден воопшто не ѝ пречи тоа што цел свет ѝ се потсмева за стилот на облекување и однесување. 17-годишната позерка уште еднаш ги сврти објективите на папараците кон себе и кон своите омилени обувки во стриптизерски стил.
Заедно со својот 51-годишен сопруг, актерот Даг Хачинсон, изминатиов викенд таа се појави на плажа облечена во розово-бели бикини и несоодветно високи обувки. Како вистински експерт Кортни се движеше по влажната песочна плажа пред да направи шоу за папараците.
Користејќи ја секоја прилика, таа позираше во провокативни пози, престорувајќи се дека чита книга за веганска исхрана на ПЕТА или ставајќи си спреј за сончање.
Откако се уверија дека им дадоа доволно „материјал“ на папараците, Кортни и Даг ја прекинаа прошетката, а милиони луѓе добија уште една тура фотографии за шегување.