Метју Пери, познат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, стана сопственик на прекрасен дом со воодушевувачки поглед на Лос Анџелес.
За 8,65 милиони долари, 42-годишниот актер купи луксузна куќа со 3 спални, 4 бањи, мини кино соба со фантастичен поглед и прекрасен базен.
Метју неодамна го заврши својот престој во установа за рехабилитација. „Имам план да заминам на еден месец за да се фокусирам на мојата трезност“ – објавил тој преку соопштение за порталот RadarOnline.