За разлика од нејзиниот лик од телевизиските екрани, на Лејтон Мистер ниту малку не ѝ е важна локацијата на живеење. Кога би се прашувала Блер Волдорф, новиот дом на актерката сигурно би бил во Апер Ист Сајд на Њујорк или во најмала рака во Беверли Хилс. Но, Лејтон Мистер се пресели во помалку атрактивната населба Енсино во Лос Анџелес.
За близу 1,5 милион долари, привлечната Лејтон купила куќа со 4 спални соби и 4 бањи, изградена во 1948 година.
Во моментов 25-годишната актерка се наоѓа во Њујорк, каде што ја снима петтата сезона на хит серијата „Gossip Girl“.